17.3 C
Belgrade
07/06/2023
festivali Makedonija pozorište vesti

INTERNATIONAL ANTIQUE DRAMA FESTIVAL STOBI 2011 – Божицата Талија и древниот Стоби ја отворија театарскита потра

zanas_2
Божицата Талија и древниот Стоби ја отворија театарскита потра.
Се крена фестивалската завеса во  Стоби. Фестивалот на античка драма Стоби 2011 започна.

Безвременскиот простор во археолошкиот локалитет по десетти пат  ги собра на едно место актерите, режисерите и публиката.  рена фестивалската завеса во  Стоби. Фестивалот на античка драма Стоби 2011 започна.

Организаторите „Здружението за сценска  изведба Стоби“ велат дека  со јубилејното издание на фестивалот „Стоби“  започнува со процесот   на освојувањето на европските театарски простори.

„Театарот го имаме во своите дамари и затоа сите театарски години во Стоби имаме успешни престави, бидејки ја имаме публиата, актерите, режисерите. Фестивалот треба да се усовршува,  од година во година треба да го надградуваме, да стане препознатлив меѓународен  културен бренд“, рече Зоран Љутков,  извфшен директор на фестоивалот

Фестивалските денови во Стоби се одбележје на Велес. Оваа манифестација е само еден од  меѓународните културни белези на градот

„Театарските уметници успејаа да  го претворат овој простор во стожер на културниот растеж кој го живее Велес. Фествалот Стоби  е една од најголемите културни вредности, тој е обединувачката сила помеѓу древните текстови на античките автори и свежината на модерната театарска форма“, рече Горан Петров, градоначалник на Велес.

Македонија има свои културни обележја .Овој простор и овој фестивал е само дел од препознатливото македонско културно богатство.  Анфитеатарот со својата моќ и играта на актерите го спојуваат минатото и сегашноста .

„Хипокритството на маските  нека остане заробено овде во проскенумот на Стоби а искрената творечка енергија од Македонија нека допре до Европа и светот“, рече Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.

Првата театарска престава која многубројата публика  во античкиот  локалитет Стоби ја виде, беше Лисистрата. Неа ја одиграа актерите на Народниот театар од Ужице, Србија.

Преставата е  комедија напишана пред 2500 години  а се занимава со машко-женските односи за време на пелопонеската војна. Запоставените жени повеќе не сакаат да ги гледаат своите мажи како се опседнати со војување и решаваат да ги скротат со тоа што ќе ги соочат со изборот „Или војна или секс“. За режисерот Бранко Поповиќ и целата театарска екипа претставата била предизвик и максимално вложување а овој простор бил створен за игра.

Во наредниет две недели на сцената во археолошкиот локалитет Стоби ќе се одиграат уште седум  престави , од кои шест се во конкуренција за Фестивалските награди.

prevzemeno od: http://www.lisica.mk

 

20.07 GENOCIDЕ 21 (МКД) ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ
GENOCIDE 21 (MKD) DRAMA THEATRE – SKOPJE
22.07 МЕТАМОРФОЗИ (МКД) Н.У.Ц.К. „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИДСКИ ТЕАТАР
METAMORPHOSES (MKD) N.I.C.C. “GRIGOR PRLICEV” – OHRID THEATRE
24.07 МЕДЕА (ТУР) БИТЕАТРАЛ
MEDEA (TUR) BITEATRAL
27.07 КРЕОНТ (МКД) КО-ПРОДУКЦИЈА: ДТС, СУБ ПРОДУКЦИЈА И ФАД СТОБИ
KREONT (MKD) CO-PRODUCTION: DTS, SUB PRODUCTION AND ADF STOBI
29.07 ЕЛЕКТРА (ХРВ) ИСТАРСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР, ГРАДСКИ ТЕАТАР ПУЛА
ELEKTRA (CRO) NATIONAL THEATRE ISTRA, CITY THEATRE PULA
30.07 ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ (МКД) ДРАМСКИ ТЕАТАР – СКОПЈЕ
THE LAST MACEDONIANS (MKD) DRAMA THEATRE – SKOPJE

 

Slične vesti