Mеѓународен kонкурс за есеј, Куманово, Македонија

Filed under: esejistika,Makedonija,region |

Редакцијата на списанието “Корени” по седми пат го распишува традиционалниот меѓународен конкурс посветен на есејот на тема:“ Рака кон другиот“.

Оваа тема го привлекува вниманието со својата сериозност и актуелност, од сите аспекти. Светот допрва ќе треба да размислува за некој баланс во својата структура и соодносот на неговите  сегменти, државите, нациите, народите, етничките и верските заедници, поединците. Многу нешта во тој немилосрден свет се менуваат, се изменија, допрва ќе се менуваат, но една вечна порака  останува постојано присутна: почитувај го блискиот свој, во човечката смисла на зборот, почитувај го другиот, како би можел и самиот да сметаш на почитување на другите кон тебе. Во таа  насока е и темата на годинешниов конкурс: “Рака кон другиот”- вели уредникот на списанието Димитар Масевски.

Виното и овој пат е основна тема на која авторите можат да творат.

Конкурсот трае до 15 април 2012 година. Материјалите во електронска форма (ЦД, или по електронска пошта) да се достават до Редакцијата на “Корени”, ул. Христијан Карпош бр. 2- Куманово или на е-маил: imasevski@yahoo.com [dot] Авторите своите  есеи можат да ги достават на македонски јазик, или на јазикот на кој творат.

Редакцијата наградува три труда со парична награда во категорија возрасни и три труда со посебни признанија во категорија на млади есеисти.

Поголемиот број од пристигнатите есеи редакцијата ќе ги објави во списанието “Корени”, а наградите ќе бидат доделени на традиционалната манифестација „Вечер со боја на вино„.

http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/medjunaroden-konkurs-za-esej-na-koreni.html

One Response to Mеѓународен kонкурс за есеј, Куманово, Македонија

  1. Je li tema “Ruka na drugoj“ ili nešto o vinu? Ne razumijem baš najbolje.

    Grof
    29/02/2012 at 21:25
    Одговори

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*