Dobitnici Medjunarodne književne nagrade Ana Frank za 2014. godinu: Miodrag Jakšić, Marija Todorova i Božidar Prosenjak

Filed under: region,rezultati konkursa |

ana_frankBeogradski književnik i glavni urednik izdavačke kuće „Arte“, Miodrag Jakšić, jedan je od dobitnika Međunarodne književne nagrade „Ana Frank“, koju u oblasti vrhunskog književnog stvaralaštva za decu i mlade dodeljuje Fondacija za kulturu i naučnu afirmaciju Makedonije i izdavačka kuća „Feniks“ iz Skoplja.

Награда Ана Франк

ДОБИТНИЦИ ТОДОРОВА, ПРОСЕЊАК И ЈАКШИЌ

Жири-комисијата во состав: проф.д-р Васил Тоциновски (претседател), доц.д-р Христо Петрески и м-р Марина Мијаковска (членови) ја донесе одлуката годинашната меѓународна награда Ана Франк да им се додели на: Марија Тодорова од Македонија, Божидар Просењак од Хрватска и Миодраг Јакшиќ од Србија.

Марија Тодорова е познат и признат преведувач, но и научен истражувач на литературата за деца и млади кај нас и во светот. Таа е автор на повеќе оригинални и значајни трудови посветени на книжевното творештво за најмладите, а нејзина најнова книга е Преведувањето за деца како меѓукултурна комуникација.

Божидар Просењак е значаен хрватски писател и новинар. Автор е на голем број прозни, поетски и драмски дела, од кои некои се избрани и како лектирни изданија, а поголем број негови творби се вклучени и во учебниците. Повеќе негови книги се преведени на над 20 светски јазици.

Миодраг Јакшиќ е истакнат српски писател, кој е автор на голем број книжевни остварувања за најмладите. Застапен е во повеќе антологии и добитник е на републички и меѓународни награди за своето литературно дело. Најпозната е неговата поетска трилогија за Малиот змеј.

Наградата се доделува за врвни остварувања на планот на литературата за деца и млади, а ја доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија Презент од Скопје.

Наградата Ана Франк е традиционална и досега ја имаат добиено: Криста Јохансен (Канада), Стана Смиљковиќ (Србија), Виолета Димова (Македонија), Тиодор Росиќ (Србија), Катја Ерменкова (Бугарија) и Дејан Алексиќ (Србија).

Наградата годинава се доделува по петти пат и ќе биде врачена за време на одржувањето на Меѓународиот саем на книгата во Скопје.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*