Со мултимедијалниот спектакл „Трилогија Романа“ од Оторино Респиги, во продукција на шпанската компанија „Ла фура дел Баус“, на 12 јули, втоник, на Античкиот театар свечено ќе биде отворено 51 издание на најзначајната културна манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“. Овој проект кој е дел од светската премиера, која по изведбата во Валенсија и Рим се заокружува во Охрид, е спој на музика, аудио и визуелни ефекти, кои ја доловуваат атмосферата на древниот Рим. Музичкиот дел го донесува Македонската филхармонија, со која ќе диригира познатиот Андреас Вејзер од Германија.
Трилогиа Романа содржи три дела во кои Респиги успева да создаде сопствен, безгранично поттикнувачки јазик, исполнет со имагинација.
Имено, ова капитално музичко дело го сочинуваат:
– Фесте Романе (1926)
– Фонтане ди Рома (1916)
– Пини ди Рома (1924)
Оторино Респиги
„ТРИЛОГИА РОМАНА“
„Ла Фура делс Баус“
Македонска Филхармонија
Диригент: Андреас С. Вајзер
Билет : 1200 денари