„Топол културен бран“-

Filed under: festivali,Makedonija,vesti |
Во 21 општина во Македонија во две етапи, од 20-ти до крајот на месецов и од 20-ти до 31 август, ќе бидат реализирани повеќе од 110 културни содржини во  организација на Министерството за култура, а во соработка со единиците на локалната самоуправа.  
– Целта на дисперзирањето на културата е таа да биде достапна за сите граѓани во Македонија, да го поттикне развојот на единиците на локалната самоуправа и да ги развива контактите на општините и националните институции од областа на културата – рече Канческа-Милевска. Таа подвлече дека масовната посетеност на настаните лани го потврдува заклучокот дека манифестацијата ја постигнува целта – да анимира што повеќе луѓе во летните месеци и да го збогати нивното секојдневје.
Во рамките на програмата ќе има гостувања на театри, многу концерти, изложби, настапи на културно-уметнички друштва.  Меѓу поатрактивните случувања оваа година, Канческа–Милевска ги посочи настапите на „Танец“, концертите на „Фолтин“, „Баклава“, Влатко Стефановски, Сашо Гигов-Гиш…
Градоначалниците кои присуствуваа на прес-конференцијата ја поздравија иницијативата за културна дисперзија што овозможува и жителите од малите општини да ги видат актуелните проекти во македонската култура.
tkbran_2011a.Pdf

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*