„ВЕЧНА КУЌА“ од Јордан Плевнеш, победник на конкурсот за текст со кој свечено ќе се отвори „Стариот театар“

Filed under: pozorište,promocije,vesti |

 

Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска го објави добитникот на текстот според кој ќе се работи драмска претстава која премиерно ќе биде изведена на отворањето на Стариот театар следната година. Неговиот текст „Вечната куќа“, кој се темели врз апстрактната, воедно и длабоко хумана идеја за куќата како идеален дом, наш македонски дом, е многу актуелен и ја обработува темата на постојаното  афирмирање на  сопствениот идентитет. 

Во образложението за донесената одлука кое  го прочита проф. Јелена Лужина наведено е дека драмскиот текст „Вечната куќа“ сугестивно го театрализира еден од најемотивните, едновремено и најтрауматичните книжевни/театарски темати, воопшто: „вечниот“ мотив на сопственоста, кој навидум го детерминира човековиот идентитет. Наспроти долга редица газди, сите со автентични и јуридички беспрекорни тапии со кои ја докажуваат сопственоста врз драмската дестинација на Плевнеш – неговата скопска и македонска вечна куќа – таа митска куќа како историска метафора на Македонија успешно се афирмира како чиста питомина, како универзална добрина што секој може да ја чувствува како вистински дом – стои во образложението.

Јордан Плевнеш

Поет, драмски писател. Роден е на 29 октомври 1953 година во с. Слоештица, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет во Скопје и на истиот магистрирал на темата „Македонската народна драма“ Од 1985-1988 г. работел во Институтот за македонска литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил уредник на „Мисла“ од 1980-1985 г. Предавал креативно пишување на повеќе европски и американски универзитети (Институтот за ориентални јазици и цивилизации во Париз, Универзитетот на Тексас во Далас, Универзитетот Јел и Универзитетот Орсе во Париз. Сега е амбасадор на Република Македонија во Франција. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ.

Автор е на книгите: Теорија на отровот (поезија, 1980), Еригон (драма, 1982),Мацедонише цуштенде и Југословенска антитеза (драми, 1987), Р (драма, 1987),Бесовскиот Дионис (студија, 1989), Драми (1989). Драми (1996), Подземна република,БезбогСреќата е нова идеја во Европа (драми, 1992-1998).

Добитник е на наградите: „Студентски збор“, Наградата на XXIII МЕСС-Сараево за најдобар драмски текст, Вонредна награда на Стериино позорје и други меѓународни книжевни признанија.

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*