Приказна за скитањето на Енеј од Троја до Италија

Filed under: festivali |
Приказна за скитањето на Енеј од Троја до Италија се раскажа синоќа во Стоби.

Приказна за скитањето на Енеј од Троја до Италија, каде станува и предок на римјаните.

Ова го прикажува претставата Енеида, епска поема напишана од 29-та до 19-та година пред новата ера. Автор е Маром Вергилиј.

Енеида е дел од репертоарот на годинешното издание на фестивалот на Античка драма Стоби. Синоќа ја одиграа актерите од Босна и херцеговина на театарот Кабаре од Тузла.

„ Исклучително сум задоволен од тоа како вечерва студентите одиграа со оглед на тоа што имаа тешка задача да се прилагодат на амбиентот. Оваа претстава тие ја играат на камерна сцена каде публиката е околу нив. Јас мислам дека и кај нив завладеа еден висок степен на андреналин и возбуда и сметам дека воспоставија квалитетен контакт со публиката и до крај ја држеа концентрацијата на материјалот кој не е лесен ниту едноставен за следење“, вели режисерот, Владо Керошевиќ.

Енеида е поема напишана во 12 книги со околу 10 илјади стихови. Синоќешната претстава е работена според првата, третата и четвртата книга. Авторот Вергилиј го искористил талкањето на Енеј за создавање приказна за основањето на Рим.

Во претставата настапуваат единаесетмина. Секој е скоро постојано на сцена.

„Задоволство ми е што настапив на овој фестивал. Интересно е да се промени амбиентот и условите во кои ја изведуваме претставата и сосема поинакви се чувствата. Доживеав нешто многу интересно“,рече Селма Чосиќ,актерка.

„Стоби е многу убаво место, ние прв пат играме во ваков амбиент и поради тоа беше доживување да се игра на ваков фестивал. Ако се земе предвид дека се уште сме студенти, ова е голема работа за нас“,  рече, Русмир Крџалиќ, актер.

Фестивалот на Античка драма продолжува утре вечер со претставата „ Геноцид 21″ на драмскиот театар од Скопје.

http://www.lisica.mk/statija/16092

 

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*