Неготино: Пионерски чекор на лицата со ментален хендикеп во изведба на претставата “Итар Пејо и Насрадин Оџа“ (Да подадеме рака – да подареме насмевка)

Filed under: region,vesti |

 

Претставата “Итар Пејо и Насрадин Оџа“ претставува пионерски чекор по прв пат во Македонија да се подготви и реализира театарска претстава во која учествуваат лица со пречки во менталниот развој, корисници на услугите на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО и студенти и ученици од општина Неготино.

Со заеднички сили, тие се обидуваат да покажат нешто многу повеќе од обична реализација на една театарска претстава. Имено, оваа театарска претстава претставува интеграција на лицата со пречки во менталниот развој во зедницата, потпомогнати од млади луѓе кои несебично им овозможуваат на овие лица да се изразат себе си и да се почуствуваат како дел од заедницата.

Претставата  “Итар Пејо и Насрадин Оџа“ е дел од Македонското фолклорно  творештво во кое централно место завземаат  Итар Пејо и Насрадин Оџа. Итар  Пејо е еден од најпознатите ликови во македонските народни приказни и е  обичен сиромашен македонски селанец од Мариово кој се одликува со  извонредна итрина и снаодливост, а воедно е претставник на македонската  шегобијна мудрост. Во приказните за него тој секогаш на итар начин им се  оддолжува на тие што сакаат да му наштетат (најчесто турските големци), а  неговите постапки често изнудуваат смеа и почит кај читателите и гледачите.  За неговото постоење нема историски потврди и веројатно се појавил како  противтежа на османлискиот итроманец и шегаџија  Насрадин оџа.

 

ТРИ ЧИНА ОДИГРАНИ НА СЦЕНА (прекрасна изведба на децата штитеници од Центарот ПОРАКА)

Во првиот чин се случува средбата помеѓу Итар Пејо и Насрадин оџа и селаните, околу селската чешма. Пред селаните тие ги раскажуваат своите итроштини, натпреварувајќи се кој ќе каже поголема лага. Селаните, слушајќи ги, се вчудоневидени од нивните приказни. Итар Пејо и Насрадин оџа кројат план за својата следна итроштина.

Во вториот чин, Итар Пејо и Насрадин Оџа влегуваат во анот, без пари во џебот. Смислуваат како да се најдат и напијат без да платат. По богатото нагостување, благодарение на новосмислената итроштина, бегаат од анот.

Радосни што побегнале од анот без да платат, во третиот чин Итар Пејо и Насрадин оџа, на сред Прилеп добиваат нова можност со своите итроштини да надмудрат богат чорбаџија и неговата чорбаџика. На крајот, и чорбаџиите и селаните, сфаќаат дека не можат да се одбранат од итроштините на двајцата мудреци и не им преостанува ништо друго освен да се восхитуваат на нивната храброст и снаодливост.

_____________________________________________

После прекрасната изведба на претставата, Центарот  за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА НЕГОТИНО, по повод денот на лицата со хендикеп 03 декември, ни приредија и прекрасна изложба од хуманитарен карактер, на која беа изложени ракотворби – накит, честитки, марами, ташни, украси од монистри и слично –  изработени од рацете на децата штитеници. Еве кои од нив:

__________________________________________________________________________

Од 2003 год. во рамките на ПОРАКА НЕГОТИНО започнува со работа Дневен Центар за лица со пречки во менталниот развој.
Дневниот Центар на ПОРАКА Неготино претставува сервис за поддршка на лицата со пречки во менталниот развој кои живеат кај своите родители и поддршка на лицата со пречки во менталниот развој опфатени со процесот на деинституционализација кои живеат во заедниците со поддршка во Службата за домување во Неготино и Демир Капија. Околу 50 лица со пречки во менталниот развој ги користат услугите на Дневниот Центар.
Во Дневниот Центар се реализираат следниве активности:
Работилница за готвење – Обука за самостојна подготовка на храна, декорирање и послужување;
Креативни работилници – везење, шиење, плетење, ткаење, работа со тесто, гипс и глина, изработка на честитки и накит; Физикална терапија
Спорт и рекреативни активности – групен и индивидуален спорт, игри на маса;
Едукативни активности – ориентација во околината, располагање со пари, математика, работа со говорот, права и одговорности, искористување на заедничките придобивки, самоодредување, слика за себе и донесување на одлуки;
Работилница за компјутери – употреба на компјутер и играње на дидактички игри;
Градинарство;
Драма, музика и танци – традиционално пеење и играње;
Прослави и роденденски забави.


Since year 2003 Poraka Negotino offers the services of a Day Centre for approximately 50 persons with intellectual disabilities. The services are open to people with intellectual disabilities that are living with their parents as well as people with intellectual disabilities receiving community-based supported housing services in Negotino and Demir Kapija.
The Day Centre offers the following activities:
Cooking workshops – Training for independent preparation of food, decorating and serving meals;
Creative workshops – embroidery, sewing, knitting, weaving, painting, pottery and ceramics, greeting cards and jewellery;           Physical Therapy
Sport and recreation activities – group and individual sports, table games
Educational activities – orientation in the environment, handling money, math, speech therapy, rights and responsibilities, use of community resources, self determination, self image and decision making
Computer workshop – use of computers to write and play didactic games
Gardening
Drama, Music and dance activities – folklore and traditional singing and dance
Celebrations and birthday parties.

                                 *       *       *       *       *

Маја Митрова Стевановиќ

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*