Кочани град на културата за 2012 година

Filed under: festivali,Makedonija,vesti |

Годинава неколку општини во Р.Македонија  се пријавиja на конкурсот што го распиша Министерството за култура за организирање на манифестацијата „Град на културата“, од кои  стручната комисија одлучи, Кочани да биде општинaта – годинашен организатор на оваа значајна манифестација што се одржува по деветти пат. 

Проектот на Општина Кочани содржи разновидни културни содржини од сите дејности на културата. Во рамки на манифестацијата, ќе бидат вклучени сите установи и здруженија на територијата на општина Кочани, почнувајќи од Центарот за култура „Бели Мугри“, Библиотеката „Искра“, здружението на граѓани „Мактеон“ и други. Во рамки на програмата, вклучени се и сите постоечки фестивали и манифестации кои ќе бидат реализирани под еден белег, Град на култура 2012 година. Предвидени се музички манифестации од сите жанрови, саеми на книга, детски драмски фестивали, поетски фестивал, изложби и новогодишни концерти.

Покрај централното градско јадро, во манифестацијата  ќе бидат  вклучени и околните општини како што се општина Облешево, Зрновци, Македонска Каменица и Виница, што од друга страна отсликува една висока општествена, но и културна одговорност на поразвиените и поголеми општини за културно раслојување, и овозможувајќи им при тоа на своите сограѓани достапност до сите културни добра. Вака конципираниот проект ќе овозможи одржливост и континуитет во културната политика на Кочани, а воедно и на Р.Македонија

Оставите одговор

Ваша адреса е-поште неће бити објављена. Неопходна поља су означена *

Dokaži da nisi mašina: * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

*