Секогаш негувај сомнеж за владејачката идеологија и политичарите.
Држи се подалеку од луѓето на власт.
Чувај се, не го загадувај својот говор со некоја идеологија.
Верувај дека си помоќен и од генерал, ама не мери се со него.
Не верувај дека си послаб од генерал, ама не мери се со него.
Не верувај во утописки проекти, освен во оние кои сам ги создаваш.
Имај чиста совест кога ги користиш привилегиите што ти ги носи твојот занает на писател.
Проклетството на твојот избор не мешај го со класната опсесија.
Имај ја секогаш на ум мислата: „Кој ја погодил целта, сè промашил“.
Не пишувај репортажи за земји во кои си бил турист. не пишувај воопшто репортажи, ти не си новинар.
Не верувај во: статистики, цифри, јавни изјави. Стварност е она кое не може да се види со голо око.
Не посетувај: фабрики, градилишта, работни места. Непредокот не може да се види со голо око.
Не занимавај се со социологија, економија, психоанализа.
Не ги следи источните филозофии: зен-будизам итн. Ти имаш попаметна работа.
Биди свесен за фактот дека фантазијата е сестра на лагата. И тоа опасна.
Не дружи се со никој. Писателот е сам.
Не им верувај на оние кои велат дека овој свет е најлош од сите светови.
Не им верувај на пророците, затоа што ти си пророк.
Немој да бидеш пророк, затоа што твоето оружје е сомнежот.
Имај мирна совест. Принцовите нека не те интересираат. Ти си принц.
Имај мирна совест. Рударите нека не те интересираат. Ти си рудар.
Знај дека она што не си го рекол за весниците, не пропаднало засекогаш.
Не пишувај по нарачка.
Не обложувај се на моментот, затоа што ќе се покаеш.
Не обложувај се ни на вечност, затоа што ќе се покаеш.
Биди незадоволен со својата судбина. Само будалите се задоволни.
Не барај морално оправдување за оние кои предале.
Чувај се од лажни аналогии.
Не го застапувај релативизмот на сите вредности. Постои хиерархија на вредностите.
Наградите кои ти ги доделуваат пронецовте примај ги со рамнодуност, а не прави ништо за да ги заслужиш.
Верувај дека јазикот на кој пишуваш е најдобар од сите други јазици, затоа што друг јазик немаш.
Верувај дека јазикот на кој пишуваш е најлош од сите, но не би го заменил за ниту еден друг.
Не дозволувај да те убедат дека твоето пишување не е корисно за општетсвото.
Немој да мислиш дека твоето пишување е општествено корисно.
Немој да мислиш дека ти си корисен за општеството.
Но, немој да дозволиш да те уверат дека си општествен паразит.
Верувај дека твојот сонет вреди повеќе од говорот на политичарот и принцот.
Имај за сè свое мислење.
Немој за сè да го кажуваш своето мислење.
Тебе зборовите најмалку те чинат.
Твоите зборови се најценети.
Не настапувај никогаш како претставник на својата нација, зашто кој си ти да го сториш тоа.
Не биди до владата и принцовите, затоа што ти си над нив.
Немој борбата против друштвените неправди да те тргне од твојот пат.
Запознај ја мислата на другите, па потоа отфрли ја.
Чувај се од оние кои ти нудат конечни решенија.
Не пишувај за просечниот читател. Сите читатели се просечни.
Не пишувај за елитата, таа не постои. Ти си елитата.
Не мисли за смртта, но не заборавај на неа.
Не верувај во писателската бесмртност, тоа се професорски глупости.
Немој да бидеш трагично сериозен, тоа е комично.
Немој да бидеш дворски будала.
Немој да мислиш дека писателите се совеста на општеството, веќе си видел толку гадови.
Не оди во смрт за ниедна идеја и не наговарај никој да гине.
Не биди кукавица и мрази ги кукавиците.
Не заборавај дека херојството бара голема цена.
Ако не можеш да ја кажеш вистината – молчи!
Немој да бидеш толерантен од учтивост.
Немој да дозволиш да те уверат дека сите се подеднакво во право и дека за вкусови не вреди да се дискутира.
Немој да имаш мисија.
Чувај се од оние кои имаат мисија.
Не верувај во научно мислење.
Не верувај во интуиција.
Чувај се од цинизмот, па и од сопствениот.
Не дозволувај да те убедат дека во полемиката Сартр-Ками, обајцата биле во право.
Не верувај во автоматско пишување и свесни нејаснотии- ти копнееш за јасност.
Отфрли ги книжевните школи кои ти ги наметнуваат.
На темата ангажирана книжевност – дискусијата им ја препушташ на професорите.
На темата социјалистички реализам, молчи како риба.
Segui il carro e lascia dir le genti. (Dante)
Isto to, na srpskom:
http://konkursiregiona.net/danilo-kis-saveti-mladom-piscu/